Press "Enter" to skip to content

ИРЛ

Службеничка од Пошта добила бизнис од Електрани вреден 7 милиони евра

Маја Јорданова склучила три договори во вредност од речиси седум милиони евра за набавка на адитиви за јаглен за РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј. Во сите тендери поштенската службеничка била единствен понудувач. Известува: Маја Јовановска/Илустрации: Лука Блажев Маја Јорданова од Велес пред три години е вработена во АД Пошта. Паралелно со државната служба, 34 годишната велешанка води и бизнис. Сопственичка и управителка е на компанијата „Браинкоде“. Токму оваа фирма е…

МОБИЛНА РЕДАКЦИЈА: Кичево

Зошто е важно да известуваме за локалната корупција Информациите се клучни кога граѓаните треба да донесат одлуки кои ќе влијаат на животот, здравјето и живеачката на ним и нивните најблиски. Ова е причината зошто недостатокот на квалитетни информации треба да се третира како безбедносно прашање. Само добро информиран електорат може да одлучува и бира трезвено и да бара одговорност од избраните функционери кои се тука за да ги застапуваат интересите на…

Анкета на ИРЛ : Дали брзо и ефикасно ги променивте вашите лични документи?

Неможноста навремено и ефикасно да се обезбедат сервиси за граѓаните кои се гарантирани со средствата што граѓаните по основи на даноци и такси ги уплаќаат во буџетот е еден од разорните ефекти на системската корупција. Проблемот може да се илустрира преку актуелните проблеми со вадење на лични документи.  Граѓаните веќе неколку месеци поминуваат низ долги и исцрпувачки процедури за задолжителната промена на личните документи. Владата дури и драматично ги поскапе…

Слава на критичната мисла: Најважните истражувања на колегите што ја обележаа 2023 

Истражувачкото новинарство е интензивно и побарува многу ресурси, време, пари и новинари со соодветни вештини. Ретко кога е лесно или едноставно, па затоа дел од медиумските организации се соочуваат со ограничувања во ресурсите од секој аспект и даваат приоритет на брзи и таканаречени исплатливи вести. Но, вистинските причини за исклучувањето на критичното и длабинското новинарство од уредувачката политика има мрачни и нечесни мотиви. Поголемиот дел од индустријата свесно избира да…